Великодушната и секогаш пријателски настроена Маја ни долетува овој четврток во Cineplexx

 
 
   

„Пчеличката Маја: Медени игри“ е уште една убава приказна за Маја и нејзиниот најдобар пријател Вили како и некои нови и стари пријатели од Ливадата. Кога пре- ентузијастичната Маја случајно ќе ја посрамоти кралицата на Бузтрополис, принудена е да ги обедини своите сили со тимот на бунтовници инсекти и да се натпреварува на Медените игри. За да ја спаси својата кошница Маја ќе мора да ја напушти, да истражи нови подрачја, да запознае нови пријатели и да се соочи со новите сојузници кои ќе и бидат голем предизвик. За среќа, нејзиниот најдобар пријател Вили, симпатичен но несмасен, мравките Арни и Барни, нејзините доверливи советници, и скакулецот Флип, ќе бидат постојано со неа.

Пчеличката Маја се темели на германскиот роман за деца кој за прв пат беше објавен во 1912 година. Во меѓувреме преведен е на многу јазици и во него уживаа децата ширум светот. За тоа што е и како оваа германска приказна стана популарна е интересна приказна сама по себе. Едно е јасно, дека Маја е харизматична пчелка која на сите им се допаѓа и често не е достапна на денешните млади гледачи. Нејзиниот дух, важноста која ја придава на пријателството, како и нејзината бестрашност се она што ја прави составен дел од културата на Германија, Австралија, и сите други земји. Филмот е синхронизиран на македонски! Покрај Пчеличката Маја на репертоарот ќе се најдат и две комедии кои со сигурност ќе ве насмеат до солзи.

Група пријатели кои редовно се сретнуваат на ноќите за играње игри се обидуваат да го решат мистериозното убиство. Приказната во филмот се одвива помеѓу група пријатели кои редовно се состануваат за да ја поминат ноќта заедно со дружење и играње. Тие вечери претставуваат долгогодишна традиција и бегство од секојдневните грижи, се додека една вечер тие не се сведоци на случувања што ќе им го променат животот.

Приказната за „Смртта на Сталин“ се одвива во последните денови на советскиот диктатор и го открива хаосот кој настанува во режимот по неговата смрт.


 
 
   
Translate in English»