Почитувани,
Би сакале да ве известиме, дека согласно одредбите од Законот за заштита и спасување Трговскиот Центар Скопје Сити Мол, управувано од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје,на ден 30.04.2025 (среда) со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центари на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.
Главната цел на вежбата е „Евакуација на SKOPJE CITY MALL вo случај на пожар во локал Ресервед. Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот , оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС.
Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.
Со почит,
СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје