Сите погледи кон тебе – Подготви се целосно за важните прослави во Skopje City Mall

 
 
   

Под слоганот „Сите погледи кон тебе“, Skopje City Mall ја започнува својата најнова тематска кампања посветена на сите оние кои се подготвуваат за посебни моменти и прослави, како што се матури, апсолвентски вечери, свадби и други значајни пригоди.


Во период кога свеченостите се во полн ек, Skopje City Mall нуди инспиративно и практично решение за сите кои се подготвуваат за својот важен ден.
Овој повеќедневен настан е осмислен да понуди повеќе од класично шопингискуство – туку и да им помогне на посетителите лесно и со уживање да се подготват за моментите што се паметат. Без разлика дали станува збор за избор на свечена облека, модни додатоци, козметика или подарок, тие може да најдат сѐ на едно место.
Посетителите ќе уживаат во попусти и промоции во голем број продавници, ќе можат да се инспирираат за свечени комбинации, избор на облека, модни додатоци и козметика. Атмосферата во молот ќе биде збогатена со креативни фото-ќошиња, инспирирани од магијата на црвениот тепих, каде што секој може да се почувствува како ѕвезда. Воедно, ќе имаат прилика и да добијат интересни и корисни подароци и да го зачинат својот свечен изглед на прав начин.
Идејата зад „Сите погледи кон тебе“ е да се олесни потрагата по најдобрите модни комбинации и да се понуди сѐ за блескав изглед за сите генерации, без стрес и губење време.
Со ваквата интегрирана и инспиративна кампања, Skopje City Mall им порачува на своите посетители дека е местото каде инспирацијата, стилот и практичноста се спојуваат.
Повеќе информации, содржини и детали за активностите ќе бидат редовно споделувани преку официјалните комуникациски канали на Skopje City Mall.


 
 
   
Translate in English»