Што ќе носиме ова лето? Панталони со пруги

 
 
   

Ви пренесуваме уште еден мега хит кој за само неколку дена стана врвен тренд. Знаеме дека е многу тешко да се следат трендовите бидејќи тие се менуваат од ден на ден, но верувајте ни, овој тренд многу ќе ви се допадне бидејќи освен што е многу cool, тој е и многу удобен.

Имено, ова лето нема да ги соблечеме нашите ленени или памучни панталони на пруги, кои личат на пижами. Предноста на ваквите панталони е што во нив ќе се чувствувате многу удобно, исто како што сте во пижами, но со добра комбинација ќе имате ултра модерен изглед.

Сакаме да ги комбинираме со обични памучни маици или кошули, како и со ленените кошули. Накитот е она што ја прави клучната разлика – впечатливиот златен накит ќе ја подигне облеката на ново ниво.

Ја разгледавме актуелната понуда и ви откриваме каде ќе ги најдете панталоните-пижами со пруги:

Bershka, Stradivarius, H&M, Zara


 
 
   
Translate in English»