Дарувај од срце – биди хуман

 
 
   

Црвен крст на град Скопје во соработка со Сити Мол иницира активност за помош на социјално ранливи деца од семејство во ризик и деца и млади со посебни потреби членови на здружението Шпреса-Скопје во пресрет на празникот Рамазан Бајрам. Крајна цел на активноста е на децата и младите да им обезбедиме подароци кои тие ги посакаа за празникот. Пред маркетот Рамстор поставен е пулт и пано во форма на цвет на кој се закачени сите желби на децата. Идејата е да ги поттикнеме сите хумани граѓани, фирми, компании  да ја посетат локацијата каде што ќе бидеме поставени, да изберат некоја од желбите и истата да ја остварат.За повеќе информации граѓаните може да се обратат во просториите на Црвен крст на град Скопје 02/3139-578 или пак на инфо пултот на влезот во Skopje City Mall.

Се надеваме дека заеднички ќе излеземе во пресрет на потребите на децата и со остварување на нивните желби ќе придонесеме за нивната среќа.


 
 
   
Translate in English»