Колекцијата пролет-лето 2025 на H&M Studio повторно ја открива вработената жена со смела гардероба инспирирана од 1980-тите. Дизајнирана за оние кои ги балансираат работата и слободното време, колекцијата се карактеризира со строги кроеви но и со лесна облека.
Инспирирани од живата енергија на Мајами и Лос Анџелес, овие изгледи опфаќаат структурирани силуети, стегнати во половината и спортски детали. Палетата на бои го поставува тонот со нијанси на бизнис сива, црна, бела, црвена и водна сина.Модните додатоците го комплетираат изгледот, со водоотпорни клач чанти, очила за сонце со метална рамка и аголни потпетици. Без разлика дали станува збор за состаноци во одборот или одмор покрај базенот, оваа колекција рефлектира модерна и моќна облека.






