Инспирација и одлични понуди во JYSK!

 
 
   

Уредете го домот кој ќе ви помогне да се опуштите и да ги “наполните батериите”

Вашиот дом треба да биде прибежиште односно простор во кој се чувствувате опуштено и безбедно. Но, дали успевате да создадете основа за релаксирачка атмосфера во вашиот дом? Во овој блог ќе ви покажеме како ентериерниот дизајн може да биде извор на мир и ослободување од стресот. Се надеваме дека ова ќе ви помогне да создадете мирна и релаксирачка атмосфера во вашиот дом.

ФоКУСИРАЈТЕ СЕ НА ОНА ШТО ВЕ ОПУШТА

За да создадете мала оаза во вашиот дом, треба да размислите што ви овозможува да ги “наполните батериите” и да се опуштите.

Сметаме дека е добра идеја основните бои во вашиот дом да бидат неутрални. Ѕидовите и мебелот нека бидат во бели, сиви, кафени и земјени тонови.

Потоа можете да комбинирате  со разни текстили и плетени корпи со шарени детали како корпата DAHL.

Ѕидниот кабинет MALLING е совршен пример за неутрално парче мебел во кое можете да ги додадете сите ваши омилени предмети. Истакнете ги предметите што ги сакате и кои ви помагаат да се опуштите.

Имајќи ги на видно место, ќе бидете повеќе склони да ги користите. Може да биде сè што ве потсетува да се одморите: вашиот дневник, слики што ве инспирираат, миризливи свеќи или книги.

ИЗБЕРЕТЕ ТОПЛИ И ПРИЈАТНИ УКРАСИ ЗА ДНЕВНА СОБА

Дневната соба е срцето на домот, место за одмор и дружење со саканите. Тоа треба да биде простор за заедничко уживање, затоа погрижете се да има доволно простор.

Но, не заборавајте да создадете мали мирни оази во кои ќе можете да уживате. Очигледниот избор е да додадете фотелја, или пак  столче што е исто така одличен избор за дополнително место за седење.

Малите детали можат да бидат доволни за да го трансформираат вашиот дом од досаден во весел и пријатен. Ситниците често се оние кои имаат најголемо влијание.

Наполнете ја вашата дневна соба со мек текстил како што е ќебето VALMUE и направете го комплетот уште поатрактивен со многу шарени перници.

ЗЕМЕТЕ ПАУЗА И ПОСВЕТЕТЕ СЕ НА СЕБЕ

Секој заслужува одмор од метежот и вревата на секојдневниот живот. За некои е неопходно да одат на одмор, а за други тоа значи да се со пријателите и семејството.

Направете пријатен амбиент со топла шолја чај или кафе и некои од вашите омилени закуски. Послужете го во сладок чајник GAUTE и уживајте во шолјите HALFDAN. Користете ja украсната табака GERNER и наполнете ги SIMON чиниите со вкусни задоволства.

Релаксирајте се на каучот под меко ќебе и уживајте во добра книга, добар филм, серија или спијте мирно и одморете се добро.

Recharge at home – YouTube


 
 
   
Translate in English»