Како да го декорирате вашиот двор или пак мала тераса со производите на JYSK

 
 
   

Вистина е дека секој има свој начин да ужива во летото. Без разлика дали имате простран двор или мала тераса, паметното уредување ќе ви помогне да го претворите вашиот отворен простор во убав и функционален.

Со помош на овие 5 совети за уредување на дворот или терасата, можете да создадете пријатен и атрактивен простор кој е совршен за уживање во летните моменти.

1. ИЗБЕРЕТЕ ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ МЕБЕЛ

Кога просторот е ограничен, размислете како можете да го користите мебелот на неколку начини. На пример, столче може да биде стол и мала маса.

Друго добро парче повеќенаменски мебел е градинарска клупа. Користете ја како комбинација од маса,подлога за декорации или едноставно како удобно место за одмарање на нозете.
 
 
 
Една голема предност на помалите надворешни простори е тоа што е многу лесно да се создаде пријатна атмосфера. Направете ја таа удобност со додавање на неколку растенија и лампиони на клупата.

Клупата може да се користи и како маса за доручек или пак вечера на отворено како коктел забава.

2. РАЗМИСЛЕТЕ КАКО ЈА КОРИСТЕТЕ ВАШАТА ТЕРАСА

Размислете како го поминувате поголемиот дел од вашето време на вашата тераса и потоа поставете приоритети. Доколку имате пространа тераса, би имало доволно простор за градинарски мебел, градинарски сет и можеби скара.

Меѓутоа, доколку тоа не е така, размислете како го искористите просторот. Дали сакате да поканите луѓе на вечера со вас? Дали повеќе сакате да уживате со книга и чаша вино?

Или сакате да одгледувате свои билки и зеленчук? Сите три сценарија се реални на повеќето балкони – но не во исто време.

Со изборот на комбинација од клупа и лежалка, имате простор за седење за 3-4 лица, а исто така е многу пријатно решение кога сте сами.
Дали ја сакате таа пријатна, летна атмосфера на вашиот балкон? Додадете многу растенија кои ќе ви дадат сенка и атмосфера како да сте во природа. Додадете перници и лесни навлаки на столот и клупата – супер удобно.
3. ДОДАДЕТЕ ФУНКЦИОНАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ
Дрвените колички се флексибилно решение за балконот. Тие се лесни за движење и може да се користат како маса за ужина или – можете да создадете мала градина на неколку нивоа со растенија од различни големини.
Количките може да се користат и како простор за складирање на она што го користите на балконот секој ден, како што се садови, креми за сончање, книги, канта за полевање и слично.
СОЗДАДЕТЕ ЗЕЛЕНА ОАЗА
Опремете го вашиот балкон со саксии исполнети со бујни растенија за да создадете чувство на природа околу вас. Додадете неколку билки за да мириса на вашиот балкон толку убаво како што изгледа.

Направете пријатна, трендовска атмосфера со саксии со различни големини и форми. Наполнете ги со зелени растенија и шарени цветови.

Корпите не се само паметно место за чување перници и ќебиња, туку можат да послужат и како саксии со одлична структура и убави бои.

ДОДАДЕТЕ ТЕКСТИЛ И КОШНИЦИ ЗА УШТЕ ПОВЕЌЕ УДОБНОСТ
Дали сакате да се чувствувате исто на вашиот балкон или тераса како и во остатокот од вашиот дом? Земете пример од вашата соба и откријте сами како да го додадете тој личен печат на балконот.


 
 
   
Translate in English»