Колекцијата од лен на Mango е идеална за жешките летни денови

 
 
   

Колекцијата на Mango од лен е сѐ што ни треба ова лето.

Ленот е бр. 1 материјал кога летото е во прашање. Лесен и проsирен, ѝ овозможува на нашата кожа да дише кога надвор е неподносливо топло.

Ленот првенствено сакаме да го носиме затоа што е многу пријатен на кожата, но ни се допаѓа и затоа што на секој моден изглед му дава вистинска “боeмска” летна атмосфера.

Едноставно не можеме да ги замислиме топлите летни денови и ноќи без облека од лен. Ако веќе немате бела ленена кошула, дефинитивно купете ја за ова лето бидејќи таа е задолжително летно парче.

За ова лето Mango понуди колекција целосно изработена од лен. Во колекцијата можете да најдете ленени фустани, костуми, комбинезони…


 
 
   
Translate in English»