Skopje City Mall и модните блогери овој петок (23 Јуни) во „моден лов“ на најдобриот стил на вечерта. Подгответе се за полноќно шопинг лудило, понесете го вашиот стил и бидете подготвени по 18 часот па се до полноќ будните очина модните блогери Мajestic by Аlex, Jovana Zuka, Aesthetics illustrated и Aleksandrina Vezilka да го фотографираат и наградат вашиот изглед.
Оние кои ќе го „заскокоткаат“ окото на модните ловци со нивниот тил, ќе бидат наградени со ваучер од брендот “Signori”, а понежниот пол со фустан од македонски дијзанер.
Петок е ден за Late Night Shopping, петок е ден за „шопингување“ со стил до доцна во ноќта!





