Кожните панталони се едни од парчињата кои мора да се имаат за оваа есен и зима. Многу ефектни, а во исто време овие топли панталони се голем хит.
Предноста на кожнте панталони е што многу лесно се комбинираат.
За деловен изглед, доволно е да ги комбинирате со бела кошула, за излегување можете да ги комбинирате со топ или блуза, а за лежерни варијанти одлично одат со маичка или џемпер.
Исто така, одлично изгледаат со високи потпетици, чизми или патики.
Оваа година, кожата е ултимативен хит, така што и со целосен изглед во кожа ќе бидете многу тренди.
Во нашата галерија најдете ги најубавите кожни панталони од актуелната понуда во Mango, Stradivarius, Zara, Reserved …