Новата Mango колекција “Dynamic Office” е совршена деловна облека

 
 
   

Повеќето од нас својот работен век го поминуваат во канцеларија. Работата во канцеларија најчесто бара одреден кодекс на облекување.

Понекогаш кодексот на облекување во канцеларија може да биде досаден, но не мора да биде така. Доказ за тоа е новата колекција на Mango посветена на ткаенини погодни за деловна облека.

Во колекцијата Dynamic Office можете да најдете одличен класичен црн костум кој ќе ви трае со години, но исто така колекцијата изобилува со тренди парчиња со многу популарни принтови.

Долги фустани, капути, костуми… Сето ова можете да го најдете во колекцијата Dynamic Office, а дел од колекција можете да ја погледнете тука.


 
 
   
Translate in English»