Летото оваа година траеше навистина долго. Топлото и сончево време не следеше до крајот на десеттиот месец, кога почна полека да застудува.
Zara
Постуденото време и дождот сега се наша реалност, а за таквото време потребна ни е јакна или мантил.
Zara
Некои јакни едноставно се белег на есента и мора да бидат во вашата гардероба. Добрата есенска јакна не е ниту премногу дебела, ниту премногу тенка, туку е идеална за преодниот период за да не ви биде премногу жешко или ладно во неа. Исто така, би било идеално да биде водоотпорна поради силниот дожд што паѓа наесен.
Mango
Мантилот најмногу го носиме во текот на есента, со идеален материјал кој често е отпорен на дожд. Оваа сезона се носат “cropped” сечени мантили со предимензиониран крој.
Mango, Zara, Mango
Кожната јакна е класика која мора да ја имате во вашата гардероба. Ги носиме во сите годишни времиња, но најмногу на есен. Винтиџ црни или кафени кожни јакни, исклучително се популарни оваа година.
Mango, Zara, Mango
Таканаречените бомбер јакни есенва направија големо враќање на модната сцена. Најчесто се носат кожни бомбер јакни.
Mango, Zara, Zara