Тренд во текот на целата година: 8 начини како да носите блејзер

 
 
   

Тренд во текот на целата година: 8 начини како да носите блејзерБез разлика кое време од годината е, блејзерите се неопходен елемент на секоја гардероба.Идеален за повеќеслојна облека во текот на зимските месеци, или во преодните периоди од годината кога температурите почнуваат благо да растат, блејзерот со омилените фармерки и едноставната бела маичка е една од ретките комбинации кои можеме да ги носиме секоја сезона без грижи.Сепак, не треба да се прикрадувате и да се препуштате на веќе добро познатите стајлинзи во кои се чувствувате безбедно. Блејзерите заслужуваат повеќе! Подолу ви подготвивме елегантни едноставни комбинации кои никогаш нема да ве изневерат.Блејзер + бела маица + фармерки Она што ја прави оваа комбинација практична, покрај тоа што веројатно веќе го поседувате секое парче, е и можноста за прилагодување за сите прилики. Дали одите на работа или на вечера и пијачка со пријателите, не е важно. Ќе блеснете во секоја ситуација!Блејзер + маичка со принт + кожни панталони Токму кога мислевте дека ништо не може да биде подобро од комбинирање на блејзер со фармерки, дојдовме до кожните панталони. Доколку се одлучите за црна боја, секогаш можете да додадете динамика, маичка со принт.

Блејзер + плисирано здолниште до глужд + чизми

Направете рамнотежа носејќи блејзер со елегантно плисирано здолниште до глужд, додека комбинацијата ќе ја „смирите“ со рамни чизми.

Блејзер + трикотажа + чанта со големи димензии

За многумина ова е омилена комбинација за оваа сезона. Доколку се одлучите за плетена чанта, ова е тренд кој можете да го носите и на пролет.

Блејзер + црни панталони + сандали

Трендсетерките ширум светот продолжуваат да нудат различни начини за носење црни панталони. Нека вашата омилена интерпретација вклучува блејзер и сандали со високи потпетици.

Блејзер + панталони во иста нијанса + папучи

Не мора да вложувате пари во костуми за да го постигнете посакуваниот изглед. Изборот на парчиња во слични тонови и различна структура ќе направи да изгледате лежерно без напор.

Блејзер + класичен пар панталони + патики

Блејзерите некогаш се сметаа за деловна облека, но за среќа тој факт се промени. Со додавање на патики, тие изгледаат ненаметливо и кул, особено кога се комбинираат со класичен пар панталони.

Блејзер + топ на едно рамо + панталони со изрези

Прифатете младешки пристап и спојте го блејзерот со нетипични кроеви, топ на едно рамо и широки панталони со исечен преден дел.


 
 
   
Translate in English»