Турнир во кршење јајца и детски велигденски работилници во Скопје Сити Мол

 
 
   

Скопје Сити Мол во пресрет на Велигденските празници организира нови едукативни, забавни и креативни содржини за најмладите. Од среда, 20 април до недела 24 април, од 16:30 до 20:30 часот, вториот кат на Скопје Сити Мол ќе биде голема креативна работилница каде најмладите посетители ќе изработуваат велигденски оригами украси, ќе декорираат велигденски јајца во декупаж техника, како и со сликање и боење, ќе изработуваат скулптури и објекти од хартија и балон, фигури од пластелин. Покрај ова низ трговскиот центар може да најдете џиновски велигденски јајца, нашиот Зајко со велигденското јајце, полу јајце за совршени фотографии како и големата куќа на Зајко.

Сите материјали за работилниците ќе бидат обезбедени од страна на Скопје Сити Мол, а целта е да се разбуди креативноста на најмладите и да се реализираат нивните креативни идеи со помош на водителите низ креативниот процес – дипломирани ликовни уметници кои ќе пристапат индивидуално кон секој учесник во зависност од неговата возраст и способност, со цел да постигнат максимални резултати и обезбедат уметнички продукти. Изработените украси ќе бидат изложени и достапни за сите посетители.

На 24 април (Велигден) Скопје Сити Мол ве поканува на Bелигденски ринг – турнир во кршење јајца. На 2 кат, веднаш до Food Court поставуваме вистински ринг каде го одбираме најсилното Велигденско јајце, проследено со забава, смеење и дружење.

 

Работилниците се отворени и слободни за сите заинтересирани посетители.

Детален распоред на работилниците:

20 април 2022г. (среда) од 16:30 до 20:30 часот

штанд 1

Изработуваме велигденски оригами

Оригами е традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија. По изработката оригамите ќе се аранжираат во висечки украсни објекти.

штанд 2 

Декорираме велигденски јајца во техника Decoupage, односно декорирање на јајца со лепење на декоративни салфетки и салфетки во боја со белка од јајце која се нанесува со четка. По потреба може да се доцртуваат со фломастери. По изработката стиропорните декорирани јајца во оваа техника ќе се аранжираат во висечки украсни објекти.

21 април 2022г. (четврток) од 16:30 до 20:30 часот

штанд 1

Изработуваме скулптури и објекти од хартија и балон

Балончиња кои се дувааат се обложуваат со хартија намачкана со тенок слој дрвофикс. По сушењето  балончињата остануваат во форма на надуваниот балон кој би симболизирал големо велигденско јајце и може да се декорира со украсни салфетки и нанесување на акрилна или темперна боја со четка.

штанд 2

Декорираме јајца со сликање и цртање велигденски симболи и шари со акрил и фломастери. По изработката декорираните јајца се изложуваат.

22 април 2022г. (петок) од 16:30 до 20:30 часот

штанд 1

Изработуваме малечки скулптури во техника пластелин

Децата моделираат со пластелин различни минијатурни тродимензионални фигури на тема Велигден (зајаче, пиле, јајце, јагне итн.) Изработените дела се изложуваат во просторот од работилницата или децата си ги земаат со себе.

штанд 1

Изработуваме велигденски оригами

Оригами е традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија. По изработката оригамите ќе се аранжираат во висечки украсни објекти.

23 април 2022г. (сабота) од 16:30 до 20:30 часот

штанд 1 

Декорираме велигденски јајца во техника Decoupage, односно декорирање на јајца со лепење на декоративни салфетки и салфетки во боја со белка од јајце која се нанесува со четка. По потреба може да се доцртуваат со фломастери. По изработката стиропорните декорирани јајца во оваа техника ќе се аранжираат во висечки украсни објекти.

штанд 2

Изработуваме скулптури и објекти од хартија и балон

Балончиња кои се дувааат се обложуваат со хартија намачкана со тенок слој дрвофикс. По сушењето  балончињата остануваат во форма на надуваниот балон кој би симболизирал големо велигденско јајце и може да се декорира со украсни салфетки и нанесување на акрилна или темперна боја со четка.

24 април 2022г. (недела) од 16:30 до 20:30 часот

штанд 1

Декорираме јајца со сликање и цртање велигденски симболи и шари со акрил и фломастери. По изработката декорираните јајца се изложуваат.

штанд 2

Изработуваме малечки скулптури во техника пластелин

Децата моделираат со пластелин различни минијатурни тродимензионални фигури на тема Велигден (зајаче, пиле, јајце, јагне итн.) Изработените дела се изложуваат во просторот од работилницата или децата си ги земаат со себе.

Датум: 20 – 24.04.2022г.

ВЕЛИГДЕНСКИ РИНГ – Турнир во кршење јајца

На 24 април (Велигден) Скопје Сити Мол ве поканува на Bелигденски ринг – турнир во кршење јајца. На 2 кат, веднаш до Food Court поставуваме вистински ринг каде го одбираме најсилното Велигденско јајце, проследено со забава, смеење и дружење.

Пријавите за натпреварот се одвиваат на самото место од 17.00 – 18.00 часот, а натпреварите почнуваат од 18.00 часот па се додека не го одбереме победникот. Влезот е слободен, може да учествуваат натпреварувачи од сите возрасти, потребно е да само да го носите со себе најсилното Велигденско јајце.

За да биде играта фер – имаме и комисија која ќе оценува дали јајцето е вистинско 😊

Победникот на Велигденскиот ринг добива награда – ваучер од Скопје Сити Мол во вредност од 3.000 денари.

Ве чекаме на забава, дружење и кршење јајца. Сѐ што сакате!

Датум: 24.04.2022г.

Време: 17.00 – 21.00 часот.

Влез: слободен, потребно е да носите Велигденско јајце

Локација: Скопје Сити Мол 2 кат


 
 
   
Translate in English»