ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, Скопје, како медиумски партнер на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU OSHA) за тековната кампања 2018 – 2019 г., во соработка со City Mall
ВЕ ПОКАНУВА!!!
заедно, сите, достоинствено и масовно да се приклучите и да ја одбележиме Европската недела за безбедност и здравје при работа.
,,Заштитата при работа е важна за сите, добра е и за Вас, и за работата, и за вработените”
Секоја година, 43-тата недела во годината, од страна на Европската агенција за безбедност и здравје (EU OSHA) е одредена како Европска недела на безбедност и здравје при работа.
Тема на кампањата која ја спроведува EU-OSHA за 2018 – 2019 година е:
Здрави работни места – Управување со опасни материи
Оваа година Европската недела на безбедност и здравје при работа е во периодот од 22 Октомври до 26 Октомври 2018 година.
За прв пат, како промотор на безбедноста и здравјето при работа (БЗР) во Р.Македонија, во сите активности, е вклучен главниот амбасадор за кампањите “ЗДРАВИ РАБОТНИ МЕСТА” на EUOSHA, НАПО.
НАПО е приказ на типичен работник во било која индустрија или сектор. Често, тој е изложен на заеднички опасности и ризични ситуации на работното место. Сепак, активно е вклучен во идентификување на ризиците и обезбедување на практични решенија.Заедно со неговите соработници, Напо ѕвезди во серија филмови без јазик, им овозможуваат на луѓето од сите средини, култури и возрасти да се разберат и да се идентификуваат со него. Филмовите покриваат широк спектар на теми за безбедност и здравје при работа.
На 23.10.2018 г. во City Mall со почеток од 12:00 ч. – 16:00 ч. ќе се одржи настан
НАПО СО ГРАЃАНИТЕ- осознајте го значењето на безбедноста и здравјето при работа.
На настанот ќе имате можност:
-за дружење и фотографирање со главниот амбасадор на EU-OSHA, НАПО
-да учествувате во креативното катче БЗР преку боја
-да ги погледнете филмуваните стории на НАПО
и многу други креативни активности поврзани со областа безбедност и здравје при работа