Животински принт: како да го носите најголемиот тренд на сезоната

 
 
   

Есенската и зимската сезона ги носат со себе највпечатливите трендови. Креативните директори и модните куќи ни ставија до знаење дека модата во наредните месеци е полна со оптимизам, весело расположение и дека им одговара на оние жени кои не се плашат да се осмелат и да експериментираат со своите стајлинзи. Животинските принтови на најдобар начин докажаа дека можат да му дадат дополнителни поени на нашиот стајлинг. Можеби многумина од вас сè уште не се обиделе да ги вклучат во гардеробата, но оваа зима ви дава шанса тоа да го поправите. Сè што треба да направите е да следите неколку едноставни и сигурни тајни и … успехот е загарантиран. Продолжете да читате и откријте ги во галеријата сите начини како да носите животински принт и да импресионирате со вашите стајлинзи! 

Да почнеме со најлесното, фустан со животински принт

Не треба многу да се трудите и да го комбинирате и усогласите со останатите парчињата, бидејќи самиот фустан е доволен за да блесне оваа сезона. Покрај тоа, фустаните одговараат на сите сезони, без разлика на пригодата. Најдете модел кој ви се допаѓа и кој одговара на вашиот стил и личност. Предлагаме да изберете миди верзија и да го комбинирате со пар високи потпетици.

ЕДЕН ПРИНТ – ПОВЕЌЕ БОИ 

Доколку сте една од храбрите дами и сакате да привлечете внимание со својот изглед, тогаш сигурни сме дека овој предлог ќе ви се допадне и дека ќе сакате да го креирате што поскоро. Тајната – одберете го животинскиот принт што ви се допаѓа и комбинирајте ги парчињата во различни бои. Дамава тоа го докажува на најдобар начин, бидејќи избра зебра дезен во многу различни тонови. Во случај да не сте подготвени да ја пробате „зебрата“ од глава до пети, комбинирајте две или три парчиња. Дури и тоа е доволно за впечатлив и необичен стајлинг.

ЛЕОПАРД Е НОВОТА ЦРНА 

Животинските принтови можеби се голем тренд оваа сезона, но она што силно се издвојува од оваа категорија е никој друг туку принт од леопард. Можете да создадете стајлинг со комбинирање на неколку парчиња. Доколку изберете панталони и блејзер во светли тонови, изберете неутрални нијанси за остатокот од стајлингот.

ЕДНО ПАРЧЕ ПРАВИ РАЗЛИКА

За сите вас кои сакате да ги следите трендовите на подискретен начин, имаме решение. Набавете капут со животински принт кој секој ваш стајлинг ќе го направи посебен. Во секој случај, капутите се тие што го оставаат првиот впечаток, поради што мораме со посебно внимание да ги избираме. Капут со животински принт комбинирајте со фармерки и џемпер.

КОМБИНИРАЊЕ НА ПРИНТОВИ

„Print on print“ –  одамна е тренд кој сите жени сакаат да го пробаат. Тоа е еден од нашите омилени трендови и ви предлагаме дефинитивно да го испробате ако веќе не сте го пробале. За да се движите по безбедни патеки, изберете еден од неутралните шаблони, како што се риги и точки, и усогласете ги со животинскиот принт. Ако сакате дополнителни поени, изберете посложени и попребирливи комбинации.


 
 
   
Translate in English»