Месец мај е посветен на подигнување на свеста кај пациентите за рано откривање на рак на кожата.
Во мај традиционално во Македонија се одвива низа години наназад со значаен успех и кампањата Еуромеланома, посветена на раното откривање на овој малигнен меланом. Со проверка на сомнителни промени на кожата може да се идентификува појава на најопасните тумори во најрана фаза, што влијае многу на успешното лекување.
Здружението на дерматовенеролози на Македонија, под мотото “Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа”, организира бесплатни дермоскопски прегледи од страна на искусни дерматовенеролози. Овој настан е почеток на кампањата Еуромеланома, која ќе се одвива оваа година на територијата на целата држава.
Настанот ќе се одржи на 6 мај (сабота) со почеток од 10 до 14 часот, пред платото на Skopje City Mall.
Поткровител на настанот е BIODERMA Македонија
