Доколку оваа летна сезона сте расположени да ја покажете вашата романтична страна со вашите комбинации, ние имаме совршена идеја за вас …
Инспирирани од летото, високите температури и чувството на безгрижност, овој пат решивме да ви покажеме како можете да создадете три аутфити со едно романтично парче облека.
Избравме женствена кошила со карнери, а ако знаете како да ја стилизирате, тоа ќе ви ги отвора вратите за безброј комбинации на облека.
Прва опција – Користете ја оваа блуза за да внесете допир на женственост сo строго кроени парчиња – ви предлагаме да оберете сезонски бермуди, за да создадете модерно чувство, обетки со бисер, папучи со ремени, бел блејзер и бела торба – Zara
Втора опција – Создадете тонска комбинација на облека, како на едноставен начин да ја носите омилената боја и да изгледате елегантно.
Додадете тренч мантил Mango, панталони и чевли од Zara и бели додатоци на целата приказна, како шлаг на торта.
Трета опција – Комбинезон Mango се разиграна алтернатива на фармерките – дополнете ги со еспадрили и плетена торба и веднаш, имате изглед на некогаш големата и убава филмска sвезда Џејн Биркин.