
Nike shop добива нова локација, на прв кат во Скопје City Mall. На површина од 500 метри квадратни сите љубители на брендот ќе имаат можност да искусат ново шопинг искуство според најсовремените светски стандарди.
Големото отворање на новата продавница е закажано за четврток, 6-ти април.
Потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во нова и проширена понуда и нови модели кои досега не беа достапни на нашиот пазар, во поголем и поубав простор и врвен дизајн на ентериерот и осветлувањето.
Сите љубители на Nike ќе можат да ги најдат најновите колекции на облека и обувки од категориите training, running, basket, lifestyle и kids понудата.
Ве очекуваме во најновиот и најдобриот Nike shop во Македонија, во Скопје City Mall на прв кат во четврток, 6-ти април.