Инфо:

The Body Shop

Здраво Скопје! Со задоволство најавуваме дека носиме #ChangemakingBeauty – убавина што носи промени. Се гледаме многу наскоро во Skopje City Mall
Со повеќе од 3.000 продавници во 80 земји, #TheBodyShop e вистински глобален козметички бренд, кој сака да поттикне позитивна промена во светот нудејќи висококвалитетна грижа за кожата и косата и декоративна козметика, инспирирани од природата и произведени етички и одржливо.
Уште од 1976 година, кога нашата основачка, дамата Анита Родик ја отвори првата Ever продавница во Брајтон, Англија, се стремиме да бидеме сила што го менува светот на подобро и да промовираме љубов за себеси, за заедницата и за планетата.
May be an image of text that says 'THE BODY SHOP отворане 1 март 2023 за првите 100 купувачи 19:30ч. CKONJE сити мол WOOHOYSHO BODKS подарок јогурт за тело'

The Body Shop – бренд што носи промени

„Бизнисот го обликува светот и има моќ да го менува општеството“, ова е мотото на дамата Анита Родик, основачка на бунтовниот британски бренд на козметика инспирирана од природата, The Body Shop, кој влегува на македонскиот пазар.

The Body Shop, преку своето дејствување, повеќе од 40 години промовира љубов кон себеси, љубов кон заедницата и љубов кон планетата. Во нивната приказна се вткаени многу битки за позитивни промени, за човекови права, зајакнување на жените и младите, борби за заштита на животните и околината, фер-трговија и одржливост.

Моќта на убавината што носи промени

Водена од филозофијата дека бизнисот треба да е сила што носи позитивни промени и од желбата да живееме во пофер и поубав свет, Родик ја отвора првата продавница на The Body Shop во 1976 година во Брајтон, Англија, со само 25 рачно направени производи, инспирирани од природата. Таа сакаше да изгради бренд кој ја истражува околината со страст, љубезност и љубопитност и да почне револуција втемелена на љубов. Нејзината мисија беше да создаде бизнис кој го негува човековиот дух, инспирира активизам и ѝ дава на планетата повеќе отколку што зема од неа.

Со повеќе од 3.000 продавници во 80 земји и над 700 производи, денес The Body Shop е вистински глобален бренд. Нуди висок квалитет, нега на кожа, коса и декоративна козметика инспирирани од природата, создадени етички и одржливо. Со активизмот во својата ДНК, The Body Shop бара социјална правда секаде каде што тргува, што му донесе поддршка од цели генерации вработени и потрошувачи, кои ги делат истите вредности.

Фер-трговија со заедниците

Како што растеше The Body Shop, Анита Родик патуваше околу светот за да пронајде функционални природни ресурси и притоа учеше за ритуалите на убавина и за таинствени состојки што се користат во различни краишта. The Body Shop и денес чувствително тргува со мудроста и со богатството на природата. Сите нивни вредни природни состојки како еделвајс, шеа и чајно дрво се етички и одговорно одгледани и купени. Секој производ раскажува приказна. The Body Shop е првиот малопродажен козметички бренд кој уште од 1978 година води Програма посветена на фер-трговија Нивната цел е да формираат долготрајни партнерства со производители, кои ја споделуваат амбицијата на The Body Shop да бидат двигатели за позитивни општествени промени. Денес брендот набавува висококвалитетни состојки, но и подароци, додатоци и амбалажа од голем број снабдувачи низ светот.

Планетата на прво место

Како посветен двигател на позитивни промени, The Body Shop ги моделира своите продавници, вклучително и новата во Скопје, врз база на стратегијата на брендот да го минимизира сопствениот отпечаток врз околината. Продавницата во „Сити мол“ е изградена од 100% рециклирано дрво, како и од цинк и алуминиум, нискоенергетски метали кои може неограничено да се рециклираат. Концептот на продавницата, како дел од локалната заедница, е да биде интерактивен простор кој ги охрабрува луѓето да ја истражат сетилната раскошност на природниот свет додека разговараат за прашањата што им се важни.

Реупотреби. Наполни. Повтори

The Body Shop знае дека малите дејства може да направат разлика и токму затоа има мисија да ја направи секојдневие амбалажата за повторно полнење. Купувачите може да набават алуминиумско шише од 300 милилитри, наменето за повторно полнење и да го полнат со кој било од нивните гелови за туширање, шампони, кондиционери и течни сапуни. Refill станица ќе има и во скопската продавница.

Translate in English»