Инфо:

Lisca

 

Брендот Лисца е синоним за оригинални креации, врвен квалитет на изработка и проверени кроеви по пристапни цени. Станува збор за модерна и исклучително женствена трговска марка на долна облека, костими за капење и блузи.

Лисца во својата понуда нуди целосни производни програми, наменети за потрошувачките со различен стил, како и за различни прилики и намени. Дополнителна предност на трговската марка Лисца е широк асортиман, бидејќи покрај вообичаените големини, нуди и голем избор на модели со поголем број.

Со своите модерни производи LISCA ги задоволува желбите и потребите на потрошувачите со високо квалитетени производи кои одлично прилегаат на женското тело и со тоа создаваат убавина, привлечност и самодоверба.

Трговската марка Cheek е наменета за младите потрошувачки кои бараат повеќефункционалност од долната облека со карактеристики на горна облека. Моделите од Cheek посебно се прилагодени за потребите на младите и динамични потрошувачки кои сакаат акција, пленат со смелост и симпатичност и мораат да бидат облечени по последна мода.

Лисца е основана на 5-ти август 1955 како мала занаетчиска работилница за поправка на чорапи и менување на копчиња. Подоцна е специјализирана за долна облека и почнала да работи со полна пареа, за што се заслужни квалитетот и оригинално произведените програми . За педесет години постоење Лисца вложи многу знаење и внимание во квалитетот на изработка на производите, квалитетот на производство и ред други фактори кои влијаат на нив.

Лисца е познат бренд на на европскиот пазар на женска долна облека, костими за капење, блузи и машка долна облека. Постојано ги следи желбите на потрошувачите со производство на висок квалитет со што ја задоволува нивната потреба по убавина, привлечност и самосвесност.

Translate in English»