Инфо:

Pandora

PANDORA

Непобитен факт е дека секоја жена има незаборавни моменти кои сака да ги сочува, женственост и уникатност кои сака да ги покаже, лична приказна која сака да ја раскаже. Тоа беше доволна инспирација за раѓање на еден од најпознатите брендови кој го краси понежниот пол ширум светот. Pandora е бренд на висококвалитетен, рачно доработен накит, кој се продава по пристапни цени. Покрај најпознатиот производ, Pandora белегзијата со приврзоци, Pandora во својот асортиман има и ѓердани, синџирчиња, обетки, прстени и разни видови на белегзии и приврзоци. Модерен и женствен накит , спој на традиционално занаетчиство и модерна технологија, резултираше со уникатен дизајн, и токму тоа го прави Pandora накитот единствен во светот.
Основана е 1982 година со седиште во Копенхаген, Данска. PANDORA се продава во повеќе од 100 земји, на 6 континенти, во повеќе од 7.800 продажни места, а има околу 27.300 вработени ширум светот.

За повеќе информации посетете ја официјалната страна на www.pandorashop.mk

Translate in English»