Инфо:

Sport Vision

Компанијата Sport Vision е лидер во продажбата на спортска облека, обувки и опрема на Балканот. Со различни спортски концепти во своето портфолио, присутен е во 9 земји – Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија и Романија. Има распространета малопродажна мрежа како и online продавници.

Компанијата е формирана во 1996 година во Бијелина (БиХ) а седиштето е во Белград (Србија).

Sport Vision е застапник на реномираните спортски брендови Champion, Ellesse, Umbro, New Balance, North Face и многу други. Исто така, партнер е на водечките светски спортски брендови Nike, adidas, Reebok, Under Armour, чии производи можат да се најдат во сите малопродажни објекти на компанијата.

Во Sport Vision брои повеќе од 4000 вработени и тој број секојдневно се зголемува.

Работењето на Sport Vision е посветено на давање позитивен придонес кон општеството и околината, преку развој и имплементација на позитивна деловна пракса која, воедно, обезбедува и остварување на финансиски успех.

Sport Vision е модерна компанија која се карактеризира со флексибилност, професионалност и динамична развојна стратегија и од своето основање е пазарно ориентирана со препознатливи брендови. Брзата реакција на барањата на пазарот и професионалниот однос кон потрошувачите и партнерите го прават Sport Vision компанија на која и се верува.

Translate in English»