Инфо:

Arthur’s

Со историја што датира од 1991, ARTHUR’S почнува со својата работа во Скопје. Истата година ARTHUR’S почнува да врши увоз на познатите светски брендови: Converse, NIKE и Reebok.

Продажбата континуирано се зголемува како резултат на огромниот интерес за спортската опрема што се промовира во тој период.

Наредната година 1992, ARTHUR’S станува екслузивен дистрибутер за англискиот брeнд Dr.Martens.

Големата разновидност на чевли и чизми придонесуваат за брза експанзија на брандот на територијата на Македонија, издигнувајќи го на тој начин ARTHUR’S меѓу најдобрите увозници за таков вид облека и опрема во земјата.

Во текот на годините од својот развиток, ARTHUR’S отвора три продавници за спортска опрема на територијата на Скопје и го проширува увозот на опрема од други производители како: Speedo и Arena. До 1996-та година, ARTHUR’S е веќе една од најпознатите фирми на територијата на цела Македонија, која се занимава со увоз на спортска опрема.

Увезените колекции се наменети за младата популација која сака стилот на нивната спортска опрема да биде во сооднос со стилот на нивното активно живеење. Во 2000-та година, ARTHUR’S го стопира увозот на брендовите Nike и Reebok, но станува ексклузивен дистрибутер на холандската фирма Highroad.

Истовремено дистрибутивната мрежа се шири и кон други помали и поголеми градови во Македонија како што се: Велес, Кочани, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Битола и Гостивар.

Во 2001-та година, ARTHUR’S станува ексклузивен дистрибутер на италијанската модна куќа Phard за територијата на Косово. Наредната година (2002) е многу динамична бидејќи ARTHUR’S станува ексклузивен дистрибутер за територијата на Косово на уште две италијански модни куќи. Miss Sixty и ENERGIE се приклучени кон големото семејство на меѓународни брендови кои се продаваат во продавниците на ARTHUR’S низ Република Македонија и Косово.

Денес ARTHUR’S е веќе етаблиран бренд, кој има за цел константно да ги открива и задоволува сите потреби и барања, првенствено на потрошувачите, но и на дистрибутерите, кои ги продаваат овие колекции низ Република Македонија и Косово.

 

Translate in English»